8 декември, 2015

Погледнете го новиот видео запис на Давид Темелков

Новата песна која Давид Темелков ја претстави пред неполн месец, „Беше сè“, односно „Била је боља“, конечно доби и свој официјален видео запис во реализација на „Токсик ентертејнмент“. Дека Темелков е на добар пат да го покори целиот Балкан докажува и фактот што оваа песна одлично котира на топ-листите ширум регионот, а сето тоа со поддршка на добро познатиот музичар Тони Цетински, кој го продуцираше новиот сингл и кој го објави видео записот на Давид токму на својот канал на Јутјуб.

Видео записот засега го има само за хрватската верзија на песната, чии автори се Миро и Соња Буљан, додека препевот на македонски го направи Огнен Неделковски. Како изгледа „Била је боља“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑