28 октомври, 2014

Погледнете го новиот видео запис на Чола снимен на Санторини

Легендарниот музичар Здравко Чолиќ минатата година го објави својот четиринаесетти студиски албум „Ватра и барут“, на кој соработуваше со имиња како што се Момчило Бајагиќ, Марина Туцаковиќ, Воја Аралица, Никша Братош, Антонија Шола, Маја Сар и нашиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, со кој ја снимија насловната тема „Ватра и барут“.

Уште една нумера која доби видео запис е темата „Зар се нисмо схватили“, која е авторско дело на босанската кант-авторка Маја Сар, која ги потпишува музиката и текстот, а аранжманот го направи Никша Братош, додека за екранизацијата снимена на грчкиот остров Санторини се погрижи Александар Керекеш. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑