Свет article_big_1363811180garbage_live_video_still_1

22 март, 2013

Погледнете го новиот ТВ настап на Гарбиџ

Бендот кој преку ноќ ја освои музичката сцена во 1995 година, Гарбиџ минатата година се врати на сцената со ново албумско издание насловено „Not Your Kind of People“, а на неодамнешното гостување во шоуто на Дејвид Летерман, тие имаа одличен и енергичен настап, на кој ја изведоа песната „Battle In Me“, сингл кој се најде на нивниот последен албум.

Како што на шега напишале на нивниот профил на Твитер, Ширли Менсон и екипата биле само делумно среќни затоа што водителот Дејвид Летерман ја потсетил публиката дека нивниот прв ТВ настап во 1996 година бил токму во оваа емисија. Во продолжение погледнете го настапот во ова шоу, а вечерва со почеток од 21 часот ќе можете да проследите концерт во живо во рамките на емисијата MTV World Stage на каналот MTV.

Извор: MTV/Spin

 



Врати се горе ↑