1 јануари, 2013

Погледнете го новиот спот на Виклер Скај и Рахмани

Виклер Скај (Wikluh Sky) и Рахмани (Rahmanee) веќе цела деценија се познати на балканската музичка сцена, а нивната долгогодишна соработка ја крунисаа со албумот „До краја света“. Тематиката на албумот се постапокалиптични љубовни песни, презентирани во модерни аранжмани на брејк бит, фанк, дабстеп и драм енд бејс. За песната „Bella Morte“ снимија видео запис, кој е прв заеднички видео запис во нивната заедничка кариера, а воедно е и прв сингл кој го најавува нивниот албум.

На музичкиот канал MTV вчера беше премиерно претставен овој видео запис, а веќе од денеска за бесплатно симнување е достапен и новиот албум „До краја света“. Погледнете го „Bella Morte“, а албумот можете да го најдете на следниот линк.



Врати се горе ↑