8 ноември, 2012

Погледнете го новиот спот на Уан Дајрекшн

По енергичниот воведен сингл „Live While We’re Young“, тинејџејската поп сензација Уан Дајрекшн (Оne Direction) ја сними романтичната балада „Little Things“. На вториот албум насловен „Take Me Home“, петте момчиња соработуваа со моментно најголемите и најзначајни композитори и продуценти, како што се Ед Ширан и Том Флечер од бендот МекФлај.

Најл Хоран, Зејн Малик, Хари Стајлс и Луис Томлинсон го формираа бендот позади кулисите на шоу програмата Икс Фактор, каде што се сретнаа како натрпеварувачи. Нивниот прв сингл „What Makes You Beautiful“ дебитираше на првото место на англиската топ листа минатата година, а албумот „Up All Night“ е продаден во 12 милиони примероци.

Погледнете го црно-белиот видео запис за оваа прекрасна балада кој беше промовиран неодамна.



Врати се горе ↑