7 ноември, 2012

Погледнете го новиот спот на Тајчи

Се сеќавате ли на русокосата девојка што пееше „Хајде да лудујемо“? Некогашната југословенска поп ѕвезда Татјана Камерон Тајчи за прв пат се претставува пред публиката како кантавтор, а песната „Све је могуће“ е снимена во студиотот Quad во Њујорк, а видео записот е снимен за време на нејзиниот претстој во Хрватска.

Тајчи во моментов се наоѓа во Лос Анџелес каде што прави турнеја во Калифорнија, а песната и спотот се направени и на англиски јазик. За 24sata.hr таа изјави дека песната прво ја напишала на хрватски јазик за време на една посета на Загреб и сакала преку неа да го сподели нејзиното верување дека ништо не е невозможно. Таа рече дека едноставно треба да се верува во себе, да не се препуштаме на безнадежноста и да чекаме некој друг да ни ги донесе саканите промени, туку да ги засукаме ракавите и да најдеме начин со кој чекор по чекот ќе го постигнеме и невозможното. Песната е направена во кантавторски поп стил, клавирска подлога, необични перкусии, гудачки инструменти и аранжман подложен на приказната во песната, елементи кои скоро секогаш се присутни во нејзиниот авторски труд. Тајчи исто така изјави дека и било важно да се задржи ранливоста и суптилноста во вокалот и да се избалансира со силата на перкусијата.

 



Врати се горе ↑