3 јануари, 2013

Погледнете го новиот спот на Руслана

Секој кој го следи можеби најпопуларниот музички натпревар Евровизија, се сеќава на украинката Руслана која со нејзините „Диви танци“ и одличниот моќен вокал ја освои Европа во 2004 година. Покрај победата на Евросонг, оваа песна ѝ донесе и други бројни признанија и награди на многу музички манифестации. Руслана Лижичко во нејзината долгогодишна кариера има објавено седум студиски албуми на украински јазик, а по победата на Евровизија сними и три на англиски јазик. Нејзниот последен албум „ЕЙ-форі-Я“ (Еуфорија) беше издаден на 25-ти април минатата 2012 година, а во текот на оваа година треба да излезе и англиското издание со наслов „This is Euphoria!“. 

Точно пред Новата година, Руслана го објави нејзиниот нов видео запис за нумерата „Рахманінов“, која се наоѓа на новиот албум. Музиката и текстот се на Руслана, а спотот се снимаше во Операта во Киев под режисерската палка на Семен Горов. Нешто поразлично од она што го паметиме од „Wild Dances“, но сепак е задржан нејзиниот специфичен стил. Погледнете ја „балерината“ Руслана горе, а и видео записот за насловната нумера на албумот „ЕЙ-форі-Я“, кој беше објавен на почетокот на месец декември.

 



Врати се горе ↑