21 ноември, 2012

Погледнете го новиот спот на Роби Вилијамс

Деновиве беше промовиран новиот видео запис за синглот „Different“ на британскиот пејач Роби Вилијамс. Поранешниот член на бендот Тејк Дет во спотот се појавува како криминалец и диригент на оркестар. Црно-белите сцени го прикажуваат Вилијамс со зборовите ЉУБОВ и ОМРАЗА тетовирани на неговите прсти додека замавнува со тупаници кон камерата. Погледнете ја целата приказна и видете за што станува збор.



Врати се горе ↑