7 јануари, 2013

Погледнете го новиот спот на Некст Тајм

По пауза од 8 месеци братското дуо Некст Тајм вчера го промовираше новиот видео запис за темата „Некст Тајм“ во кој две заводливи девојки се борат во кал, моторџии се обложуваат на една од нив, а Марко- Тротоар е тапанар во бендот кој свири. Видео записот го изработи Томато Продукција, а интернет промоцијата на истиот се случи на официјалниот YouTube канал на Некст Тајм. Песната насловена „Некст тајм“ се наоѓа на вториот албум на братското дуо и е авторско дело на Лазар Цветкоски. За аранжманот се погрижија Лазар и Мартин, а Стефан и Магдалена Цветкоска Ена го напишаа одличниот текст.

После ТВ промоцијата на видео записот која ќе се случи во рамките на естрадниот магазин Бекстејџ, Некст Тајм ќе ја започнат кампањата за издавањето на нивниот трет студиски албум, кој ќе излезе на пролет.



Врати се горе ↑