30 октомври, 2012

Погледнете го новиот спот на Лудакрис и Кели Роланд

Уште кон крајот на летото беше најавена соработката на раперот Лудакрис и поранешната членка на триото Дестинис Чајлд, Кели Роланд. Песната која носи наслов „Representin’” е вториот сингл од новиот албум на Лудакрис насловен “Ludaversal” кој е најавен за почетокот на 2013 година. Откако се распадна популарното трио, Кели Роланд започна со соло кариера, па на почетокот на месецов таа го откри насловот на својот четврт студиски албум со наслов „Year of the Woman” (Година на жената).

Видео записот кој беше најавен пред неколку недели, од вчера веќе е достапен на youtube за сите фанови на двајцата музичари. Погледнете го спотот и уживајте во музиката на Луда и Кели.

 

 



Врати се горе ↑