9 ноември, 2012

Погледнете го новиот спот на Лана Дел Реј

Пејачката која неодамна го најави реизданието на нејзиниот прв студиски албум кој ќе биде насловен Born To Die: Paradise Edition“, Лана Дел Реј деновиве промовираше уште еден видео запис за нумерата „Bel Air“. На албумот кој ќе биде пуштен во продажба на 13-ти ноември беше најавен со мега успешниот сингл „Born to Die“, покрај веќе познатите нумери ќе се најдат уште осум нови песни. По неодамнешната промоција на видео записот за „Ride“, погледнете го и најновиот спот на Дел Реј за синглот „Bel Air“ кој е необично едноставен во однос на тоа што сме навикнале да видиме од неа.

 



Врати се горе ↑