13 ноември, 2012

Погледнете го новиот спот на Кели Кларксон

Американската пејачка Кели Кларксон вчера го објави најновиот видео запис за синглот „Catch My Breath“,  кој го најавува нејзиниот албум „Greatest Hits – Chapter One“ кој ќе биде издаден за околу недела дена, а ќе го наследи нејзиниот доста успешен петти студиски албум „Stronger“.

Во врска со оваа песна, за блогот Celebuzz.com Кларксон изјавила: „Оваа песна претставува сè она што сум била, како сум се чувствувала и каде сум се упатила како уметник, а и како триесетгодишна жена која е веќе доволно интелигентна да сфати дека е време да престанам, земам здив и да бидам горда не само со она што го имам постигнато, туку и со луѓето кои ми помогнаа да станам жена каква што сум денес.“

Погледнете го спотот за најавниот сингл „Catch My Breath“.

 



Врати се горе ↑