21 јуни, 2013

Погледнете го новиот летен хит од Саша Ковачевиќ

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ деновиве го претстави видео записот новиот сингл насловен „Случајно“, чија музика ја потпишува грчкиот пејач Пантелис Пантелидис, со текст на Душан Бачиќ, а аранжманот го направија Саша и неговиот брат Раде Ковачевиќ. Видео записот се снимал четири дена во Пефкохори (Грција), а покрај Саша учествувале и 30 манекенки.

Дека песната е летен хит потврдува и големата гледаност на ЈуТјуб, каде што оваа недела „Случајно“ се пласира на 11-то место на листата на овој сервис. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

 

 



Врати се горе ↑