5 декември, 2013

Погледнете го новиот филм на Лана Дел Реј – „Tropico“

Веќе Ви пренесовме дека 27-годишната американска пејачка и текстописец Лана Дел Реј подготви краток получасовен филм насловен „Tropico“, чија премиера се случи токму денеска. Имено, во овој филм, за чија режија бил задолжен Ентони Мендлер и чиј продуцент е Рик Рубин, можат да се слушнат три песни на пејачката и тоа „Body Electric“, „Gods and Monsters“ и „Bel Air“, а во главната улога како нејзин партнер се појавува Шон Рос, кој е познат и како првиот машки албино модел.

Филмот кој е дел од нејзиното ЕП издание „The Tropico EP“, можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑