21 март, 2014

Погледнете го „Not a Bad Thing“ од Џастин Тимберлејк

По „Take Back The Night“ и „ТКО“, од албумот „The 20/20 Experience – 2 Of 2“ Џастин Тимберлејк во февруари го објави најновиот сингл „Not a Bad Thing“, кој деновиве доби свое видео издание. Видео записот беше премиерно претставен за време на неговото гостување во емисијата на Елен ДеЏенерис, а песната чија продукција заедно со пејачот ја потпишуваат и Џером „Џеј-Рок“ Хармон и Тимбаленд, доби видео запис кој е своевидна „детективска приказна“. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑