23 јуни, 2015

Погледнете го „Nobody There“ од Туна

„Nobody There“ е насловот на новата песна на популарната албанска пејачка Туна Сејдиу. Воопшто не треба да нè  изненади ако за бзо време ја видиме на црвен килим со светски познати музички имиња или ако нејзината музика биде број еден и на светските музички листи. Едноставно кажано, Туна е огнена во секој поглед, а со професионалните и смели музички аспирации континуирано докажува дека умее да ја доведе карирерата до највисоко ниво.

Новиот видео запис што го промовираше деновиве е работен со голем тим експерти во своето поле, како што се продуценти, кореографи, стилисти…, а крајниот резултат од одличната замисла е автентичен видео запис во кој Туна изгледа како вистинска дива. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

Извор и фотографија: Хит портал



Врати се горе ↑