8 март, 2013

Погледнете го „No Freedom“ од Дајдо

Британската пејачка Дајдо деновиве го објави видео записот за синглот „No Freedom“, кој се најде на нејзиниот прв албум по пауза од пет години, насловен „Girl Who Got Away“. Иако многумина сè уште ја паметат Дајдо по рефренот од песната „Stan“ од Еминем, како што пишува PopCrush, таа не бега од асоцијацијата, дури и на нејзиниот син му го дала името Стенли.  Погледнете како изгледа видео изданието на „No Freedom“.

 



Врати се горе ↑