1 август, 2013

Погледнете го „Нисам више тај“ од Јоце Панов

Нашиот поп пејач Јоце Панов во Црна Гора сними видео запис за песната „Нисам више тај“ која е дел од неговиот втор студиски албум „Ватрени Печати“. Видео записот се снимаше под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а во него главна улога има убавицата Јелена Кировиќ која важи за една од најубавите Црногорки.

„Со Јелена повеќето таблоиди не споија поради сцената на режисерот Дарио Јанковиќ во која се бакнуваме, но ние сме само добри пријатели. Мило ми е што конечно песната дојде на ред за видео запис, го снимивме со вистинска екипа во вистинско време“ – вели Јоце Панов.

Пејачот се одлучил видео записот да го снима токму во Црна Гора поради тоа што песната веќе одамна е на топ листите и постојано се врти на радио станиците. Овој хит е авторско дело на Миро Буљан (музика и аранжман) и Соња Буљан (текст).



Врати се горе ↑