20 ноември, 2014

Погледнете го „Ники је опет ту“ од „Заклонишче препева“

Песната „Ники је опет ту“ е третиот сингл од актуелниот албум „Само да проѓе демократија“ на групата „Заклонишче препева“, која деновиве доби свое видео издание во реализација на режисерката Дафна Јемершиќ. Бендот ужива култен статус во Словенија, а има и голем број почитувачи ширум некогашната Југославија. Интересно е тоа што иако оваа година одбележуваат две децении успешна работа, а за сето време пеат на тн. „српко-хрватски“ јазик, својот прв настап на територијата на Србија ќе го одржат на 29 ноември, кога ќе настапат на традиционалниот концерт на „Забрањено пушење“ по повод Денот на Републиката.

Познатиот словенечки рок состав можете да го следите на www.zaklonisceprepeva.com и на Фејсбук, а како изгледа и звучи новиот сингл можете да видите и слушнете горе.




Врати се горе ↑