21 ноември, 2014

Погледнете го „Night Changes“ од „Уан дајрекшн“

Момците од најпознатиот британски бенд во моментов, „Уан дајрекшн“ деновиве го претставија видео записот за темата „Night Changes“, која се најде на нивниот неодамна објавен албум „Four“. Четвртото студиско издание на популарната група е веќе на добар пат, не само да го повтори, туку и да го надмине успехот на неговиот претходник „Midnight Memories“, кој беше најпродаваниот албум за 2013 година.

Имено, како што јавуваат од „Офишл чартс компани“, албумот „Four“ оваа недела е продаден во 94 000 примероци, што е повеќе од следните пет изданија на листата заедно, така што се очекува ова да биде убедливо деби на самиот врв на официјалната британска топ листа.

Веќе имавте можност да ја слушнете новата песна, а новиот видео запис погледнете го горе.

 

 

 



Врати се горе ↑