16 август, 2014

Погледнете го „New Flame“ од Крис Браун, Ашер и Рик Рос

По неколку пати одложување, на 16 септември конечно ќе стигне долгоочекуваниот, шести по ред, студиски албум на Крис Браун, насловен едноставно „Х“. За сега познато е дека на продукцијата на албумот работеле Тимбаленд, Дејнџа и Дипло, како и тоа дека ќе гостуваат колеги како што се Кендрик Ламар и Дрејк. Изданието кое ќе го наследи „Fortune“ од 2012 година, пред повеќе од година дена беше најавено со синглот „Fine China“, песна која потсетува на стилот на неговиот идол Мајкл Џексон, по која следеа и соработките со Ники Минаж и покојната Р’н’Б ѕвезда Алија.

Како петти сингл од новото издание, 25-годишниот пејач на почетокот на јули ја претстави песната „New Flame“ во која гостуваат колегите Ашер и Рик Рос, а деновиве пристигна и видео запис. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑