23 ноември, 2013

Погледнете го „Neon Lights“ од Деми Ловато

21-годишната американска музичарка Деми Ловато во мај годинава го претстави својот четврт студиски албум насловен „Demi“, кој го најави со сингловите „Heart Attack“ и Made in the USA“, а како трет сингл во септември беше претставена темата „Neon Lights“, која деновиве доби и свое видео издание. Пејачката веќе втора година со ред е дел од жирито на американскиот X Factor, кадешто ги подготвува кандидатите од категоријата „Девојки“, истовремено се подготвува и за турнеја во чии рамки ќе го промовира новиот материјал, а неодамна ја сними и песната „Let It Go“ за претстојниот анимиран филм на Дизни „Frozen“.

Како изгледа видео адаптацијата на „Neon Lights“ можете да видите горе.



Врати се горе ↑