16 април, 2013

Погледнете го „Недостајеш“ од Емина Јаховиќ

Емина Јаховиќ неодамна го заврши снимањето на новиот видео запис за песната „Недостајеш“, која премиерно ја претстави денеска. Песната ќе биде објавена на српски и на турски јазик, како што тоа го направи и со претходниот сингл „Да могу“, чија турска верзија е насловена „Kimse yok mu“.

Видео записот е сниман на локации во Белград и монденското летувалиште Ѓоздек и е во режија на Ведад Јашаревиќ. Овој сингл воедно го најавува новиот албум на Јаховиќ, кој ќе излезе некаде при крајот на месец мај.



Врати се горе ↑