11 ноември, 2014

Погледнете го настапот на „Саунд месинџерс“ на финалето на „Мис Глоуб“

Изминатиов викенд во Скадар, Албанија, се одржа финалето на изборот за убавина „Мис Глоуб 2014“, а на покана од главните организатори, како специјални гости настапија диџеј Ерик Фокс и Симона Попоска, односно дуото „Саунд месинџерс“. Атрактивната пејачка, која лесно можеше да се натпреварува на изборот, беше облечена во креација на Александра Митковска, а за фризурата и шминката се погрижи Бобан Тодоровски.

На четириесет и првото издание на оваа манифестација, која во Албанија се одржа по 11-ти пат, популарните музичари ги претставија своите хитови „Love Me“ и „Endless Love“, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе.

И.Ј.



Врати се горе ↑