Видео

4 февруари, 2019

Погледнете го настапот на „Марун 5“ на „Супер боул 2019“

Популарната американска група „Марун 5“ беше главна ѕвезда на полувремето на најгледаниот спортски натпревар во САД – „Супер боул 2019“, кој се одржа вчера на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, Џорџија. Екипата предводена од Адам Левин повеќепати изразила желба да настапи на овој настан што го следат милиони гледачи, не само во САД туку и во целиот свет.

Сепак, самото учество на овој натпревар предизвика контроверзии кај американската јавност и дел од славните личности кои повикаа на бојкот на сите натпревари на Националната фудбалска лига заради отпуштањето на Колин Каперник. Имено, 31-годишниот квотербек ја разбранува јавноста уште во 2016 година, кога за време на американската химна, наместо да застане тој одлучи да клекне во знак на протест за расната нееднаквост.

Image result for Maroon 5 FULL Super Bowl LIII Halftime Show ft. Travis Scott & Big Boi

И покрај бројните апели да го бојкотираат учеството на полувремето, „Марун 5“ одлучија да настапат на настанот, а како специјални гости се појавија раперите Тревис Скот и Биг Бои. Иако се очекуваше меѓу гостите да биде и колешката Карди Би, со која го снимија хитот „Girls Like You“, рап-ѕвездата одлучи да биде на страната на поддржувачите на Каперник.

„This Love“, „She Will Be Loved“, „Sugar“ и „Moves Like Jagger“ се само дел од хитовите што ги изведоа на вчерашната манифестација, а како изгледаше сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑