Балкан mo-bs

3 март, 2013

Погледнете го настапот на Маја Оџаклиевска на Беосонг

По изјавите „ќе пеам/нема да пеам“, Маја Оџаклиевска сепак настапи на првата полуфинална вечер од фестивалот Беосонг, која се одржа синоќа во Белград. Од петнаесетте претставени композиции во финале отидоа само пет, меѓу кои, за жал, не се најде прекрасната балада „Ангел од небото“ со која се претстави Оџаклиевска. Меѓу финалистите се најдоа новите музички надежи кои станаа популарни со талент емисиите „Првиот глас на Србија“ и „Јас имам талент“, а тоа беа триото Мирна, Сара и Невена, потоа Сашка Јанковиќ, групата Sky’s во која членуваат „спрската Ријана“ – Дана Гашиќ Гаваја и нејзините две другарки Анџела Вујовиќ и Ксенија Кнежевиќ, Марија Михајловиќ и Душан Свилар. 

На двете полуфинални вечери гласањето ќе се одвива само по пат на СМС, а победничката композиција од вечерва ќе биде песната со која ќе се претстави Србија во Шведска на годинешното издание од Евровизија. Песната „Ангел од небото“ во изведба на Маја е авторско дело на Никола Буровац (музика и текст) и Марко Кон (аранжман). И покрај тоа што Оџаклиевска била настината, тоа воопшто не се забележува во нејзината одлична интерпретација на оваа прекрасна балада.

Имено, како што пишува српски Курир, причината зошто Маја не сакала да настапи на Беосонг и сакала да биде заменета со помладиот колега Ненад Цвијетиќ, всушност било тоа што таа веќе три месеци боледува од сериозно воспаление на грлото, но со оглед на тоа што тој е пејач од Сити Рекордс, ова нејзино барање не било прифатено. Во продолжение погледнете го нејзиниот, и покрај сè, одличен настап.

Фото: Blic.rs

 



Врати се горе ↑