10 септември, 2013

Погледнете го настапот на Лејди Гага инспириран од „Волшебникот од Оз“

Лејди Гага вчера гостуваше во емисијата „Good Morning America“, кадешто во живо го изведе нејзиниот актуелен сингл „Applause“, овој пат со малку поинаква сценографија и костимографија. Имено, пејачката вети дека овој настап ќе биде инспириран од филмот „Волшебникот од Оз“, а и самата изведба ја започна со насловната тема од филмот, песната „Over The Rainbow“. Пејачката ја презеде улогата на девојчето Дороти која во филмот ја игра легендарната Џуди Гарланд, додека специјалната улога на кученцето Тото ја играше нејзиниот миленик Фози.

Нејзиниот настап можете да го погледнете горе, а краткото интервју кое следуваше потоа можете да го видите во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑