Видео

31 јануари, 2019

Погледнете го настапот на Каролина на МАС 2019 во Белград

Во вторникот, на 29 јануари, во арената „Штарк“ во Белград се одржа првото доделување на регионалните музички награди „Мјузик авордс серемони“, или МАС 2019, во чии рамки настапија и едни од најголемите музички ѕвезди во регионот, меѓу кои и нашата Каролина Гочева.

Пејачката беше номинирана во категоријата најдобра етно-песна, каде што за темата „Ти не дојде“ од актуелниот албум „Извор“ ја освои наградата од публиката.

Токму оваа емотивна балада ја изведе и во живо, а одличната сценографија дополнително го збогати нејзиниот настап кој можете да го погледнете во продолжение.

 

Настапот и наградата на МАС 2019 беше одличен почеток на новата година за Каролина, која во февруари ќе одржи дури четири концерти со оркестарот на Македонската филхармонија, изведувајќи ги своите најголеми хитови во сосема нови аранжмани. Како и секогаш, интересот за „Македонското девојче“ е огромен, па првите два концерта се распродадоа во рекордно време, а пред распродавање и се и вторите два.



Врати се горе ↑