Погледнете го настапот на Каролина и Дуке во „Карнеги хол“ во Њујорк
Вчеравечер, во една од најпрестижните концертни сали во светот, „Карнеги хол“ во Њујорк, концерт одржа нашиот познат композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, а како специјална гостинка настапи и Каролина Гочева. Музичарите премиерно ја изведоа во живо неодамна објавената соработка – песната „Зборови немам“, а сето тоа беше збогатено и со придружбата на битолчаните Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски, како и Македонската филхармонија.
Како звучеше и изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!
Фотографија: фан страница на Каролина