20 април, 2015

Погледнете го настапот на Кајмакоски на евровизискиот концерт во Амстердам

Нашиот евровизиски претставник, кој веќе привршува со промотивната турнеја ширум Европа, во саботата имаше чест да настапи на најголемиот промотивен настан на „Евровизија“ – евровизискиот концерт во Амстердам, на кој чест да учествуваат имаа само 24 претставници од вкупно 40-те земји натпреварувачки за годинава. Кајмакоски одлично ја отпеа својата „Autumn Leaves“ и доби громогласен аплауз од публиката, а како изгледаше неговиот настап можете да погледнете горе.

Како и секогаш, ваквите настани будно ги следи екипата на „ESCKAZ“, кои направија и кусо интервју со Кајмакоски, сакајќи да дознаат нешто повеќе за настапот во Виена, но Даниел продолжува да биде мистериозен и сите детали во врска со сценографијата и придружните вокали ќе ги држи во тајност сè до 19 мај, кога ќе се одржи првата полуфинална вечер. Какви изненадувања ќе ни приреди познатиот пејач останува да дознаеме наскоро, бидејќи до јубилејното 60. издание на „Евровизија“ нè дели уште само неполн месец.

Во продолжение погледнете го и интервјуто со „ESCKAZ“, а сите активности на Кајмакоски можете да ги следите на неговата евровизиска веб страна eurovision.danielkajmakoski.mk

 

И.Ј.



Врати се горе ↑