Македонија bobi3

26 ноември, 2012

Погледнете го настапот на Боби Мојсоски во Минск

Победникот на овогодишното издание на интернационалниот фестивал „Славјански Базар“, нашиот Боби Мојсоски, минатата недела беше дел од големиот  рок концерт “Smoke on the water“ во главниот град на Белорусија – Минск, каде во Дворецот на Републиката настапи заедно со Претседателскиот Оркестар на земјата.  На големиот спектакл беа изведени најпознатите рок хитови од 80 и 90-тите, а пред преполната сала Боби се претстави со седум рок хитови: неговата „Ќе нема следен пат“, „Always“ од Бон Џови, „Sweet Child O’Mine“ на Ганс енд Роузис, Still haven’t found what I’m looking for“ од ЈуТу, „Show must go on“ на Квин, а „We will rock you“  од Квин и „Smoke on the water“ на Дип Парпл ги изведе во дует со Белорускиот евровизиски претставник Георги Колдун.

          „Задоволството да настапам на еден ваков голем настан со музика која и самиот приватно ја слушам беше огромно. А чувството да се настапи пред толкав број на публика, со Претседателскиот Оркестар составен од врвни музичари е неописливо“ – вели Боби.

На рок спектаклот во Минск на кој настапија најголемите Руски и Белоруски музички ѕвезди,  Боби Мојсоски беше единствениот претставник од Македонија. Во продолжение погледене дел од одличните изведби на Мојсоски.



Врати се горе ↑