15 декември, 2012

Погледнете го настапот на Ашер во шоуто на Елен Деџенерис

Пред неколку дена, во најновата емисија на шоуто на Елен Деџенерис гостуваше американскиот пејач Ашер каде што го претстави новиот сингл „Numb“, уште еднаш потврдувајќи ги одличните танцувачки способности. Синглот се најде на неговиот седми по ред студиски албум насловен „Looking 4 Myself“, кој беше објавен во средината на месец јуни. Публиката и самата водителка биле воодушевени од неговото танцување, па и Елен посакала малку танцувачки вежби со пејачот. Како тоа изгледаше погледнете во продолжение.

Извор: mtv

 



Врати се горе ↑