15 март, 2013

Погледнете го „Нашиот ден“ од Дони Марџиев

Вчера во Lounge Bar Every Day со почеток од 19 часот се одржа промоцијата на видео записот за песната „Нашиот ден“, која по подолга пауза ја претстави Дони Марџиев, еден од членовите на некогашната група Магија. Песната чија музика и аранжман ги потпишува бугарскиот композитор Валентин Пензов, а текстот е на Тони Цифровски е снимена во студиото на Дамјан Лазаров.

За видео записот, чија режија ја потпишува режисерот Јован Ристовски од Битола, се снимаше во студиото на Дрим Каст Продукција, а за изгледот на сите ликови кои се дел од оваа приказна се погрижија Кристина Серафимова (фризерско студио „Кики“) и Викторија Димитровска (шминка).

За Јован Ристовски кој по професија е театарски режисер, ова беше прво искуство во светот на музиката и како филмски режисер: „Беше лудо искуство. Се разбира напорно, но со целата екипа уживавме додека го снимавме спотот. Драго ми е што на една македонска рок балада се подтрудив да ѝ дадам една обична приказна која се случува пред огледало – моменти од животот во кои никој не нè гледа од страна. Луѓето сме смешни, посебно кога не си се допаѓаме и сме незадоволни, Секогаш ’откачуваме’ и после тие ’бубачки’ во главата – следува уживање. Животот е доволно убав за да заморуваме со небитни детали. Стилот и јазикот на спотот е минимална естетика. Се појавуваат повеќе од дваесетина ликови кои со нивната природност и искреност ја прават магијата. Помалку е повеќе. На слушателите на добра македонска музика им посакувам да ужуваат во овој едноставен и фин музички видео запис. La vita e bella!“ – вели Ристовски.

Слушнете ја приказната за „Нашиот ден“.



Врати се горе ↑