8 март, 2013

Погледнете го „Можеби“ од Андријана Јаневска

Песната со која што Андријана Јаневска се претстави на возобновениот Скопски фестивал минатата година, авторската композицијата „Можеби“ доби свое видео издание. Видео записот изработен од БМА продукција и кој се снимаше во Македонската Опера и Балет беше претставен вчера, 7-ми март, а повод за тоа беше што пред 15 години токму на таа дата, Јаневска за прв пат се појави на македонската естрадна сцена.

Како што беше најавено, за потребите на видео записот, песната доби еден поинаков аранжман, а споделувајќи го на нејзиниот фејсбук профил, Јаневска го напиша следното:

„На денот кој измина (7-ми март), за прв пат стапнав на естрадната сцена. И тоа трае до денес. Полни петнаесет години. А со денот кој доаѓа (8-ми Март) уште еднаш се потсетувам зошто е прекрасно да си жена. Драги мои пријатели, фанови, а особено дами, со особено задоволство Ви го претставувам мојот нов спот за песната „Можеби“, која отвора ново поглавје во мојата кариера. Се надевам дека во изминатите 15 години не Ве разочарав, а ќе се обидам така да биде и понатаму. Ве оставам да го проследите видеото и да уживате во песната која од срце ја компонирав. Ви благодарам на сите!“

 



Врати се горе ↑