5 август, 2014

Погледнете го „Money Can’t Buy“ од Ни-Јо

Како најава за новиот албум на американскиот музичар Ни-Јо, деновиве стигна првиот сингл насловен „Money Can’t Buy“ во кој гостува колегата Џизи. Песната ќе се најде на претстојниот шести по ред студиски албум насловен „Non-Fiction“, кој би требало да се појави кон крајот на летото и на кој ќе доминира Р’н’Б звукот: „Имав мала авантура со денс музиката и морам да признаам дека многу ми се допадна, особено публиката и начинот на кој ме прифатија во тој жанр. Но, на овој албум морав да се вратам на домашен терен“, изјавил познатиот пејач.

Во екранизацијата на новата песна покрај музичарите се појавува и манекенката Кристал Вилијамс, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑