22 март, 2014

Погледнете го „Мојата цурица“ од Скипи и Мега

По минатогодишниот хит „Круг“, Скипи неодамна ја претстави својата нова песна насловена „Мојата цурица“ која ја сними во соработка со дуото Мега составено од Дејан Влајиќ и Марко Ацковски. Оваа тема чија музика и аранжман ги потпишува Горјан Јовановски – Скипи, а текстот го напиша заедно со моците од дуото, вчера доби и свое видео издание во кое покрај Скипи и Мега улога има и Виолета Балшевска. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑