21 февруари, 2013

Погледнете го „Моја драга“ на „Лудите жени“ и Зоран Предин

При крајот на минатиот месец ужичката група „Луде Жене“ го претстави синглот „Моја драга’ во кој гостува Зоран Предин, а сега оваа нумера доби и свој видео запис. Машко-женскиот однос го визуелизираат две силуети позади кои се крие идентитетот на Светлана Раденковиќ и Бојан Стевановиќ.

„По првото слушање на песната знаев дека видео записот мора да биде визуелно едноставен и фокусот на гледачите на се насочи на еден поведар пристап на искажување на тагата или носталгијата како што тоа успешно го направија Лудите жени и Зоран Предин на музички план. Изборот падна на два алтери прикажани како силуети во минималистички стил со што песната и визуелната порака ќе го добијат целото внимание од публиката.“ – истакнал Младен Стојковиќ, кому му беше доверена екранизацијата на нумерата.

По претставувањето на првиот сингл, Лудите жени составени од Александар Ковачевиќ, Душко и Радован Цицвариќ, Зоран Ѓукиќ, Михаило Мајсторовиќ и Виктор Костадинов продолжуваат со реализацијата на вториот студиски албум.

„Целиот материјал за нашиот втор студиски албум е снимен и се наоѓа во завршна фаза на микс, така што ќе се најде пред публиката за неколку недели. Албумот ќе го носи насловот „Армија лавови“, а покрај „Моја драга“, на него ќе не најдат уште девет песни. Продукцијата ја потпишува Саша Јанковиќ, со кој преку соработката дојдовме до некои нови идеи кои наскоро ќе можете да ги чуете. Но, и покрај тие новитети, ’Лудите жени’ и на овој албум остануваат верни на својот звук и пристап кон рок енд ролот“, открива и порачува гитаристот Радован Цицвариќ.

 



Врати се горе ↑