9 септември, 2013

Погледнете го „Missing You“ од Никол Шерцингер и диџеј Алекс Гаудино

По соработката со познатиот пејач Ерос Рамацоти за темата „Fino All’Estasi“, американската пејачка Никол Шерцингер соработуваше со уште еден италијанец. Станува збор за диџејот Алекс Гаудино кој заедно со Никол ја сними песната насловена „Missing You“, а во видео записот за оваа тема не се појавуваат ни диџејот, ни пејачката, туку само двајца млади луѓе кои се вљубуваат и поминуваат 24 часа заедно.

По подолга пауза, Шерцингер го објави нејзиниот сингл „Boomerang“ во јануари годинава, но сè уште нема најава за нејзиниот прв самостоен студиски албум. Во моментов таа е ангажирана како судија во британскиот X Factor.



Врати се горе ↑