1 јуни, 2016

Погледнете го „Misery“ од Гвен Стефани

Популарната американска пејачка и некогашна вокалистка на групата „Ноу даут“, Гвен Стефани во март годинава, после пауза од 10 години, го објави својот нов соло албум This Is What the Truth Feels Like“, а по сингловите „Used To Love U“ и историскиот „Make Me Like You“, третиот екранизиран сингл од ова издание е темата „Misery“. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Освен со своите синглови, пејачката во изминатиов период е актуелна и со соработката со своето ново момче, кантри ѕвездата Блејк Шелтон, со кого го сними дуетот „Go Ahead And Break My Heart“.

 



Врати се горе ↑