20 март, 2013

Погледнете го „Mirrors“ од Џастин Тимберлејк

Вчера, на 19-ти март, во специјална емисија во која го промовираше неговиот долгоочекуван трет студиски албум насловен „The 20/20 Experience“, Џастин Тимберлејк го претстави видео записот за вториот сингл од ова издание, а ја потврди и веста дека албумот ќе добие и втор дел во ноември. Станува збор за нумерата „Mirrors“, кој од самото појавување ги освојува топ листите ширум светот. Романтичниот видео запис во режија на Флориа Сигисмонди е посветен на неговите дедо и баба, Вилијам и Сејди кои биле во брак 63 години. Погледнете ја 8-минутната приказна за „Mirrors“.



Врати се горе ↑