Свет 390-jayz-subway-1205

6 декември, 2012

Погледнете го мини документарецот на Џеј Зи

По неговата славна сопруга, и раперот и могул Џеј Зи деновиве промовираше мини документарен филм за неговите концерти, во кој всушност тој му кажува на непозната постара госпоѓа колку е славен. Видеото трае дваесетина минути, а е објавено еден ден по 43-тиот роденден на раперот. Станува збор за серијата концерти кои тој ги одржа оваа есен во Барклис центарот во кој сега игра неговиот омилен тим Бруклин Нетс. Раперот до таму дошол со метро, што ги изненадило луѓето кои веднаш почнале да го сликаат и пишуваат коментари на Твитер, но и една баба која се вика Елен, го запрашала: „Кој си ти? Познат ли си?“, на што тој одговорил: „Сум, но не претерано, сепак Вие не ме знаете“. Таа изразила воодушевување што раперот користи јавен превоз за да стигне до местото на кое настапува. Во филмот кој можете да го погледнете во продолжение, се прикажани и пробите за концертот и коментарите на учесниците.

Извор:billboard/mtv.rs



Врати се горе ↑