3 февруари, 2014

Погледнете го „Midnight Memories“ од Уан Дајрекшн

Британска сензација Уан Дајрекшн во ноември минатата година го објави својот трет студиски албум „Midnight Memories“, а за само месец дена ова издание стана најбрзо продаваниот и најпродаван албум за 2013 година. По сингловите „Best Song Ever“ и „Story Of My Life“, момците од популарната група деновиве го претставија и видео записот за насловната тема од албумот, кој за само неколку дена е прегледан од преку 10 милиони корисници.

Во режија на Бен Винстон, новиот „филмски“ видео запис, меѓу другото, ги прикажува и најпознатите туристички атракции на британската престолнина, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑