28 октомври, 2012

Погледнете го „Месечевиот транс“ на Линдзи Стирлинг

Јутјуб-сензацијата Линдзи Стирлинг е можеби првата артистка во светот која направила комбинација од класична виолина и модерен танц. На 18ти септември 2012 година Линдзи го издаде својот прв албум, наречен „Линдзи Стирлинг“ кој бил инспириран од неверојатно успешното присуство на нејзините песни на Ајтјунс. Составен од 10 оригинални песни, албумот совршено го доловува специфичниот виолина-дабстеп стил на Линдзи. Таа компонира, прави кореографии и ги режира сите свои оригинални музички дела и спотови.

Деновиве таа го промовираше и видео записот за нејзиниот најнов сингл „Moon Trance“ кој е во стилот на „Трилер“ од Мајкл Џексон. Погледнете го и уживајте!



Врати се горе ↑