14 декември, 2012

Погледнете го „Mein Herz Brennt“ на Рамштајн

Германскиот бенд Рамштајн деновиве го промовираше видео записот за нумерата „Mein Herz Brennt“. Иако оваа песна е објавена уште во 2001 година на албумот „Mutter“, спотот е снимен со цел да се заокружи ретроспективниот видео каталог на бендот „Videos 1995-2012“ кој како специјален бокс сет со три ДВД-а ќе се најде на продажба од денес, 14-ти декември, во целиот свет. Сетот содржи 25 видеа, како и кратки филмови за правењето на тие музички спотови. Кулминација на овој сет е токму видео записот за „Mein Herx Brennt“ и приказната која е прикажана во него. Бендот сними две верзии на спотот, една „помека“ и една „експлицитна“.

Во текот на снимањето, членовите на бендот за него почнаа за зборуваат како за „вечното видео“, она на кое ќе работат до крајот на животот. Им беа потребни неколку обиди и два режисери за да го завршат. Не само што настана еден од најнеобичните музички спотови кој бендот воопшто го снимил, туку и како награда за целата напорна работа, направија уште еден за истата песна, но во акустична верзија, само со Тил Линдерман во придружба на клавир, која беше премиерно претставена на 7-ми декември.

 

Оваа верзија на песната беше создадена за потребите на ДВД-то. Двата спота се во режија на Зоран Бихаќ на кој ова му е четврта соработка со Рамштајн. Бихаќ им ги режираше и спотовите за песните „Links 2 3 4“, „Mein Teil“ и „Rosenrot“. Аранжманот за клавир го изработи Свен Хелбиг со кој Рамштајн соработуваа на оркестарските верзии за песните „Liebe ist für alle da” и „Ohne Dich Sacred Mix”.

 Секс и злосторство, крв и оган, чудовишта и мутации. Сè што потсетува на хорор филмови е всушност само колекција на музички спотови на бендот Рамштајн. Со неколкумина креативци, Рамштајн создадоа импресивни филмски сцени во кои режисерите ги демонстрираат своите истенчени визии, храброст и единствено одбивање на компромис. Ниту еден бокс сет не може да се спореди со овој којшто го претставува Рамштајн во својата најголема слава: Larger than life, larger tnat Hollywood.

Со потполно нова продуквија и изглед на бината, како и во новиот „RAMMSTEIN Greatest Hits“, ексцентричните германци ќе настапат и во белградската Комбанк Арена на 28-ми април следната година. На сите кои беа присутни на спектаклот од пред две години, Рамштајн им го препорачува следното: Новиот спектакл е нашето громогласна и силна преродба!

Извор: Blic.rs



Врати се горе ↑