23 април, 2014

Погледнете го „Marilyn Monroe“ од Фарел Вилијамс

Музичарот чии хитови ја одбележаа минатата година, Фарел Вилијамс неодамна го претстави својот втор сингл од актуелниот втор студиски соло албум „G I R L“. Станува збор за темата насловена „Marilyn Monroe“ со која 41-годишниот хитмејкер порачува „тоа што те прави различна, те прави посебна.“ Песната која беше премиерно претставена на почетокот на месецов, денеска доби и свое видео издание во кое покрај Фарел на кратко се појавува и Кели Озборн. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑