2 јули, 2014

Погледнете го „Maps“ од Марун 5

Првиот сингл кој го најави петтото студиско издание на Марун 5, темата „Maps“ деновиве доби и свое видео издание. Песната чиј копродуцент е Рајан Тедер (Уан Рипаблик), одлично котира на сите топ листи, вклучувајќи ја и Билбордовата Хот 100 листа каде што се наоѓа на 14 место. Во екранизацијата режирана од Питер Берг главната улога ја има фронтменот Адам Левин, кој оди во болница да ја посети неговата девојка која настрадала сообраќајна несреќа, а што довело до таа ситуација можете да погледнете горе.

Петтиот студиски албум насловен „V“ е закажан за 2 септември.

 



Врати се горе ↑