23 јануари, 2013

Погледнете го „Major Distribution“ на Фифти, Снуп и Џизи

Додека фановите го очекуваат петтиот по ред студиски албум „Street King Immortal“ на познатиот рапер, чиј датум за објавување е 26-ти февруари, Фифти Сент веќе ги почести со видео записите за „Првиот состанок“, како и за соработката со Еминем и Адам Левин од Марун 5 – нумерата „My Life“, а сега пристигна уште едно видео издание. Овој пат станува збор за „Major Distribution“ во која гостуваат колегите Снуп Дог (веројатно сè уште не бил реинкарниран во „Лав“ кога ја снимале песната) и Јанг Џизи, а видео записот  е во режија на Ејф Ривера. 

 



Врати се горе ↑