29 септември, 2015

Погледнете го „Magnets“ од „Дисклоужр“ и Лорд

Британското дуо „Дисклоужр“ го претстави видео записот за темата „Magnets“ во која гостува новозеландската ѕвезда Лорд. Песната се најде на нивниот неодамна објавен втор студиски албум „Caracal“, на кој се сместени и соработките со Сем Смит, Викенд, Квобс, Мигел и други.

„Magnets“ воедно го означува и враќањето на сцената за Лорд, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑