18 јули, 2013

Погледнете го „Made In The USA“ од Деми Ловато

Вториот сингл кој го најави четвртиот студиски албум на Деми Ловато, песната „Mase In The USA“ вчера доби и свое видео издание, кое пристигна на 58-миот роденден на забавните паркови Дизниленд. Во новиот видео запис чија режија ја потпишува самата пејачка заедно со Рајан Палота, се вметнати и сцени од забавата во луна паркот, како и сцени од воени конфликти, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑