15 мај, 2014

Погледнете го „Love Never Felt So Good“ од Мајкл Џексон и Џастин Тимберлејк

Како што е познато, на 13 мај беше објавено постхумното издание на „Кралот на поп музиката“ Мајкл Џексон, а веќе имавте можност да ја слушнете и првата песна од албумот насловен „Xscape“. Песната „Love Never Felt So Good“,  во чија модернизација се вклучи и поп пејачот Џастин Тимберлејк, вчера доби и свое видео издание во кое, меѓу другото, се прикажани и бројни снимки видео записите и настапите на легендарниот музичар, а Тимберлејк и голем број млади луѓе танцуваат имитирајќи ги најпознатите танцови движења на Џексон. Како изгледа оваа своевидна ретроспектива можете да видите горе.

Изданието „Xscape“ беше објавено на 13 мај за етикетата Епик, а извршен продуцент беше Ел Еј Рид, кој добил неограничен пристап до сите материјали кои Џексон ги снимил во текот на неговата четиридецениска кариера. Како што се наведува во соопштението, Тимбаленд беше еден од продуцентите кои ги „осовременија“ неговите материјали, а на продукцијата работеа и Родни Џеркинс, Старгејт, Џером „Џеј-рок“ Хармон и Џон Меклејн. Луксузното издание на албумот ќе содржи и дел од оригиналните демо снимки на песните, чиј список можете да го видите во продолжение.

  1. “Love Never Felt So Good”
  2. “Chicago”
  3. “Loving You”
  4. “A Place With No Name”
  5. “Slave To The Rhythm”
  6. “Do You Know Where Your Children Are”
  7. “Blue Gangsta”
  8. “Xscape”

Песната „Love Never Felt So Good“ беше премиерно претставена на неодамнешните „iHeartRadio Music Awards“, а по најавата на Ел Еј Рид, на сцената се појави и Ашер кој танцуваше заедно со уште неколку танчери. Како изгледаше сето тоа можете да видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑